-->
-->
AMС: Доделени стипендии за надежни спортисти
-->
Агенцијата за млади и спорт осма година по ред доделува стипендии за млади талентирани спортисти. Ваучерите за популарно наречената стипендија “спортска надеж” за годинава, денес во малата сала при СЦ Борис Трајковски ги доделија директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и директорот на СЦ Борис Трајковски Златко Перински.
-"Велат победниците никогаш не се откажуваат, а откажувачите никогаш не победуваат. Како директор на институцијата која се грижи за развој на спортот, сакам да ви порачам упорно да тренирате, да бидете посветени, да ги слушате вашите тренери и верувајте успесите ќе тропнат на вашите порти. Затоа, бидете посветени, напорно тренирајте, а Агенцијата за млади и спорт ќе биде секогаш тука за вас, ќе го следи секој ваш чекор и ќе го вреднува секој ваш успех, бидејќи тоа ќе биде успех и на Република Македонија. Не заборавајте дека постојано Ве следи будното око на јавноста. - потенцираше директорот Спасески и уште еднаш им честиташе на стипендистите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од Аеродром
-
Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето
-
Скапите станови го менуваат пазарот за закупи
-
Трамп им се обрати на Американците: Ова е мрачен момент за сите нас
-
Локални избори 2025: Последен ден за увид во Избирачкиот список
-
Пукање во средно училиште во САД, двајца ученици повредени, вооружениот напаѓач мртов
-
Мало дете почина, шест други се повредени откако автомобил се урна во градинка во Канада
-
Без струја корисници во село Бањани