Loading Video...
Спорт плус
27. August 2020 - 10:08

Американските спортисти се обединија - Комплетен бојкот на спортските настани

Влијанието на спортот во светските движења уште еднаш се покажува на дело. 
 
Дека спортистите се можеби и главни иницијатори и примери за промени и подобар живот во светот најдобро покажува примерот на кошаркарите и кошаркарките од НБА лигата. 
 
Синоќешните натпревари во НБА лигите не се одиграа. Причината е бојкотот кој кошаркарите, а потоа и кошаркарките од најсилната светска кошаркарска лига го направија во знак на протест поради инцидентот кој се случи пред три дена, во сојузната држава Висконсин каде полицијата пукаше во Афро-американецот Џејкоб Блејк.
 
Откако први кошаркарите на Милвоки решија да не се повајат на дуелот против Орландо, останатите тимови се приклучија на бојкотот или подобро кажано протестот, па така раководството на НБА лигата реши да ги одложи и преостанатите два натпревари меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Портланд, односно Хјустон и Оклахома.
 
Оваа одлука е донесена во координација помеѓу раководството на НБА лигата и Асоцијацијата на играчи, а натпреварите траба да бидат презакажани во друг термин, иако од двата тима од Лос Анџелес, Лејкерси и Клиперси излегоа и со став дека лигата треба да биде прекината. 
 
На ваквата одлука на кошаркарите се приклучија и нивнике колешки од женската НБА лига кои на сомболичен начин го искажаа својот револт и решителност за бојкот, па ниту во (WNBA), не беа одиграни предвидените натпревари. 
 
Инаку целото продолжение на НБА натпреварите минува под мотото „Црните животи се важни“. 
 
Со истата порака излегоа и фудбалерите во Американската лига, во која синоќа беа предвидени пет натпревари, но ниту еден од нив не се одигра, откако ирачите на Мајами и Аталанта решија да бојкотираат, а нивниот пример го следеа и останатите, односно и спортистите во професионалната бејзбол лига (МЛБ).