Американската војска разви ласерско оружје: „Најсмртоносно досега“
Следната година американската војска планира да ја демонстрира работата на ласерско оружје од 300 киловати, најмоќното до сега.
Оружје монтирано на камиони со големина на бродски контејнер, се развива од General Atomics Electromagnetic Systems и Boeing.
„Ова компактно ласерско оружје со голема моќност ќе биде најсмртоносното до сега“, изјави Скот Форни, претседател на GA-EMS, пренесува Индекс.
Во 2014 година, американската морнарица го инсталираше своето прво високо-енергетско ласерско оружје од 30 киловати во USS Ponce. Повеќето воени ласери се движат од 30 до 100 киловати, што е генерално доволно за соборување на помали беспилотни летала, така што ова ново оружје би требало да биде многу помоќно.
Обично, ваквото оружје се заснова на неколку индустриски ласери чиј излез е комбиниран во еден зрак. Сепак, новиот ласер е базиран на друга технологија и користи големи стаклени плочи поврзани во серија, пишува New Scientist.
Џастин Бронк од британската организација Royal United Services Institute смета дека таков ласер може да собори поголеми објекти, како и неколку цели по ред.
„Овој ласер може да се брани од балистички ракети, како и од дронови, авиони и хеликоптери“, потврдува Бронк.
Ново на Сител
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
-

Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-

Серија проекти и мерки по изборите
-

Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-

Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
