„Нормално е младите пуми да заталкаат надвор од своето вообичаено живеалиште за да ја одбележат територијата“, рече биолог Кевин Бренан.
Иако нападите на пумите врз луѓето се ретки, би било опасно животното да се остави на стеблото.
Да потсетиме, неодамна тркачот Тревис Кофман од Колорада раскажа како пума го нападнала додека трчал по својата вообичаена рута.
„Се фрли врз мене, а стравот во мене наеднаш се претвори во борбен став. Пумата ме гризна за зглобот од раката и почна да ме влече, со канџите ме гребеше по лицето и рацете. Беше застрашувачко“, раскааж Кофман која на крајот се спасил така што го задавил животното.