Амбасадата на САД во Атина со препораки за безбедноста претстојните празници во Грција
Американската амбасада во Атина, исто како и останатите дипломатски претставништва на САД во Европа, издаде предупредување за зголемени безбедносни мерки во Грција за претстојните празници поради заканите од терористички организации и поединци, јави дописничката на МИА од Атина.
Во соопштението исто така се наведува посетителите и туристите да бидат дополнително претпазливи на празничните фестивали, настани и локациите со голема гужва, како и да ги следат локалните медиуми.
„Предупредување од Амбасадата на САД за терористички напад во Атина“; „Американската амбасада стравува за терористички напад во Грција за Божик“; „Опасност од терористички напад во Грција, гледа Американската амбасада во Атина“; „Предупредување од Амбасадата на САД за можен терористички напад во Атина“; „Страв за терористички напад изразува Американската амбасада – упатство за Грција“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми во однос на соопштението. Потоа Американската амбасада преку официјалниот Твитер профил објасни дека станува збор за предупредување во цела Европа за време на празниците и во продолжение, како пример го објавија предупредувањето од Амбасадата на САД во Франција кое што е идентично со она за Грција.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради