Македонија
10. August 2020 - 13:20

Алтернативно поврзување на Гевгелија со граничниот премин Богородица

Покрај меѓународната автопатна делница, која до сега беше единствената врска на градот, Гевгелија ќе добие дополнителна,алтернативна сообраќајна врска со граничниот премин Богородица преку стариот автопат којшто беше затворен, одлучија гевгелиските советници.

-Со оваа одлука создаваме улови за ревитализација на стариот автопат  којшто не беше во функција. Патот ќе се поврзе со сообраќајната клучка кај Милци,која сеуште не е довршена,со веќе изградениот натпатник кој пак овозможува сообраќајно поврзување на двете страни на автопатот и лесен приод кон граничниот премин за жителите од Гевгелија и посетителите,велат од Општината.

Покрај дополнителното сообраќајно поврзување на Гевгелија со ГП ,,Богородица“, ревитализацијата на дел од стариот автопат ќе биде од посебно значење за неколку туристичко – угостителски капацитети во тој дел од градот и за полесен приод кон археолошкиот локалитет Вардарски рид