Алтернативно поврзување на Гевгелија со граничниот премин Богородица
Покрај меѓународната автопатна делница, која до сега беше единствената врска на градот, Гевгелија ќе добие дополнителна,алтернативна сообраќајна врска со граничниот премин Богородица преку стариот автопат којшто беше затворен, одлучија гевгелиските советници.
-Со оваа одлука создаваме улови за ревитализација на стариот автопат којшто не беше во функција. Патот ќе се поврзе со сообраќајната клучка кај Милци,која сеуште не е довршена,со веќе изградениот натпатник кој пак овозможува сообраќајно поврзување на двете страни на автопатот и лесен приод кон граничниот премин за жителите од Гевгелија и посетителите,велат од Општината.
Покрај дополнителното сообраќајно поврзување на Гевгелија со ГП ,,Богородица“, ревитализацијата на дел од стариот автопат ќе биде од посебно значење за неколку туристичко – угостителски капацитети во тој дел од градот и за полесен приод кон археолошкиот локалитет Вардарски рид.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален