-->
-->
Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководство
-->

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо поднесе оставка од функцијата главен тренер на Реал Мадрид, според новинарот Пепе Алварез.
Шпанските медиуми пишуваат дека една од причините за оваа одлука била однесувањето на играчите. Алонсо бил исцрпен од себичниста во соблекувалната, која се интензивираше по поразот од 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп.
Исто така, поддршката за тренерот од раководството на мадридскиот клуб била цвелосно отсутна во последните месеци.
Вчеравечер, Реал Мадрид го објави заминувањето од функција на Алонсо. Тој беше на чело на тимот од 1 јуни 2025 година. Неговиот договор траеше до летото 2028.
Алваро Арбелоа е назначен за нов тренер на „Кралевите“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
