Алиу од Словенија: Треба да се искористат сите можности што ги нуди дигиталната трансформација
Треба да се искористат сите можности што ги нуди дигиталната трансформација. Дигиталната трансформација е многу важна и ние заедно мораме да понудиме повеќе можности и помош за нашите народи, како на билатерален така и на регионален план, користејќи ги можностите коишто ги нуди дигиталната трансформација, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кој учествива на 18-то издание на Бледскиот Стратешки Форум.
Министерот Алиу рече дека тоа е можно преку соработка и поддршка на партнерите за дигитална трансформација на регионот во интеграцијата кон ЕУ, на единствен заеднички дигитален пазар.
Како што информираат од Министерството за информатичко општество и администрација, Алиу беше дел од панелот на министрите на тема „Дигиталната трансформација во регионот на Западен Балкан“.
Министерот исто така ги сподели со присутните иницијативите коишто Владата на нашата земја ги има преземено на патот кон дигиталната трансформација.
- Развојот на информатичката и технолошката инфраструктура е приоритет на министерството и дел од националните стратешки цели за развој на интеграцијата. Во процес сме на основање на дигиталната агенција, која има четири главни столба, со цел промовирање нови технологии, да се развие следната генерација на мрежи, истражување и иновации, изјави Алиу.
Исто така, на маргините на форумот планирано е Азир Алиу да оствари билатерални средби со колеги и други учесници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето