Спорт плус
9. July 2023 - 19:59

„Александар Велики“ останува УФЦ шампион

Нов успех на Австралискиот ултимејт фајтер Александар Волкановски кој е првиот борец кој успеал да ја одбрани титулата по петти пат откако славеше против противникот од Мексико Јаир Родригез.
Фамилијата Волкановски која потекнува од битолското село Беранци му даде голема поддршка на својот член кој во борбата во категоријата до 66 килограми славеше со технички нокаут во третата рунда. 
Четири минути и 16 секунди траеше борбата во Парадајс во Лас Вегас  откако судијата реши да го прекине мечот. 
Ова е 26-та победа на Александар Велики  во професионалната УФЦ Кариера во која има само два порази.