Александар Матовски Цако: И покрај тоа што сме со попреченост ние сме шампиони
Инклузивната танцова група Dancers United со инклузивната танцова точка на лица со типичен и со атипичен развој, успеа да ја одбрани титулата светски прваци и да се закити со уште еден златен медал од Светскиот куп и уште еднаш ги сруши бариерите на општеството и покажа дека инклузивен свет е можен. Александар Матовски Цако е токму дел од таа група и вели: И покрај тоа што сме со попреченост ние сме шампиони.
Цако и останатите од инклузината група се презадоволни од натпреварувањето и очекуваат вакви успеси и во иднина.
Сара Кочан е личноста која стои зад оваа успешна инклузивна танчерска група, а токму Цако е мотивацијата да започне еден таков проект кој веќе 9 години е успешна приказна.
Напорната работа исполнета со многу љубов носи резултати, па така на секое првенство само се потврдува квалитетот.
Свесноста кај родителите се крева, се повеќе од нив одлучуваат своите деца со атипичен развој да ги запишуваат на разни активности, а со тоа нивните можности стануваат се поголеми.
Анастасија Бановиќ е дел од оваа мешана група и таа вели: Предизвици нема, туку е вистинско задоволство да се тренира во таква атмосфера во која секој секого прави подобар танчер и човек.
Нашето општество за жал се уште е полно со бариери и предрасуди за лицата со атипичен развој, но токму овој пример треба да биде патоказ како треба да се движиме.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник