Албанските иселеници, во својата земја, во првиот квартал годинава, испратиле 251 милион евра
Податоците на Централна банка на Албанија, покажуваат дека дознаките на иселениците, во периодот јануари-март, забележале раст од четири отсто споредено со истиот период минатата година.
Според податоците објавени во платниот биланс на банката девизните приливи на иселениците во овој период достигнале 251 милиони евра или девет милиони повеќе во однос на споредбениот период.
Италија, Грција, Германија, Франција, Велика Британија и САД водат како земји од кои доаѓаат најголеми приливи поради големиот број албански иселеници кои живеат и работат во овие земји.
Банката забележува дека високите нивоа на дознаки, туристичките трошоци и странските директни инвестиции се главните фактори за силното зајакнување на албанската валута – лек, во однос на странските валути во целина, посебно еврото, чија вредност денеска е 98,4 леки.
Минатата година дознаките изнесувале над милијарда евра, што се повисоки за 115 милиони евра споредено со 2023 година.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении