Албанскиот претседател Бујар Нишани во посета на Бујановац и Прешево
Албанскиот претседател Бујар Нишани, како што претходно беше најавено, денеска допатува во Србија, каде ќе ги обиколи општините Бујановац и Прешево, на југот од земјата во кои живее доминантно абанско население, јави Танјуг.
Во Бујановац Нишани беше пречекан од претседателот на општината Шаип Камбери и претседателот на локалното Собрание, Јонуз Муслиу, кој е и претседател на Националниот совет на Албанците.
На пречекот на албанскиот претседател не беа интонирани ниту албанската, ниту српската химна, јави Танјуг.
Нишани попладнево ќе престојува и во Прешево, каде, како што е најавено, ќе им се обрати на граѓаните.
Заради посетата на Нишани зголемена е безбедноста во Бујановац, но на улиците не е видливо присуството на припадници на полицијата.
Нишани, инаку, е првиот претседател на Албанија кој доаѓа во посета на Србија, по Енвер Хоџа кој тоа го сторил во далечната 1948 година.
Во пресрет на оваа посета на високиот албански гостин, Муслиу изјави дека тој доаѓа да ја посети албанската национална заедница во Србија и да се увери во какви услови таа живее.
Муслиу рече и дека Нишани ќе има повеќе средби со Албанци во Бујановац и Прешево, но не и со официјални претставници во Белград.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци