Албанскиот Парламент на вонредна седница ќе ги гласа новите министри

По барање на премиерот Еди Рама, албанскиот Парламент утре на вонредна седница треба да ги изгласа промените во Владата, што неочекувано ги направи во последните денови од 2020 година.
Законодавниот дом по новогодишните и божиќните празници со работа требаше да почне на 18 јануари за кога е закажана пленарна седница, но поради потребата за избор на новите министри утре ќе одржи вонредна седница.
Четири месеци пред парламентарните избори, што треба да се одржат на 25 април, премиерот Еди Рама одлучи да направи промени во кабинетот, со кои Олта Џачка (42), актуелната министерка за одбрана, ќе биде нова шефица на дипломатијата, додека на нејзино место доаѓа Нико Пелеши (51).
Претседателот Илир Мета по добивањето на предлогот од страна на Рама, ја потпиша уредбата за овие министри, а по нивното изгласување во Парламентот заклетва треба да дадат пред шефот на државата.
Џачка доаѓа на местото на досегашниот овластен министер за Европа и надворешни работи, косовецот Гент Цакај, за кого Мета во јануари минатата година не ја потпиша уредбата, па Рама ја презеде и оваа функција, а Цакај беше овластен министер.
Во средината на ноември, во кабинетот на премиерот Рама за нов министер за внатрешни работи е назначен Бледи Чучи, по оставката на Сандер Лешај, по масовните протести во земјата по убиството на 25-годишниот Клодијан Раша од страна на полициски специјалец. На негово место во Министерството за земјоделство и рурален развој, Рама ја именува Милва Економи.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
