Албански државјани ловеле риба во Охридско
Полициските службеници надлежни за гранично набљудување на Охридското Езеро вчера напладне затекнаа државјани од Република Албанија кои ловат риба на територијата на Република Македонија.
Чамецот е забележан од правецот на Свети Наум кон караулата Радожда на два километри од граничната линија во кој имало три лица. Откако забележале дека полициските службеници им се приближуваат, во Езерото ги фрлиле рибарските мрежи и се упатиле во правец на државната граница кон Албанија. Од страна на полициските службеници, на околу 1.500 метри од државната граница, чамецот бил запрен при што во него биле затеканти Ј.Ш.(21), Д.Б.(18) и едно 5 годишно дете сите од Р.Албанија.
Во чамецот бил пронајден риболовен алат и девет парчиња риба (5-пастрмка и 4 белвици со вкупна тежина од 1.400кгр. Од Ј.Ш., со потврда за привремено одземени предмети одземено е метално кајче и пента, кои се предадени во ПС за ГН „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка. Лицата се предадени на полициски службеници од ПС за ГН „Франгово“ за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот