Македонија
2. February 2024 - 12:11

Албанец возел Германка во украден „мерцедес“, двајцата уапсени на Блаце

При извршена гранична контрола и проверка на 01.02.2024 во 17.00 часот на Граничен премин Долно Блаце на возило „мерцедес“ кое го управувал А.М., а сопатничка била В.С., евидирало во базата на Интерпол како украдено, информираа од полицијата.

„Полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(22) од Република Албанија и В.С.(21) од Сојузна Република Германија. Тие биле задржани во полициска станица, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението од МВР.