Македонија
15. July 2024 - 12:12

Активни се 9 пожари – гасењето е од земја и од воздух стигна помош од Турција

Продолжува битката со пожарите во Македонија. Откако во саботата Владата прогласи 30 дневна кризна состојба сега на терен може да се дејствува и со повеќе сили како од земја така и од воздух.

Во последното деноноќие и имаше 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка. Некои од пожарите се изгаснати, но поради внимателност се следи состојбата на терен, да не дојде до ново активирање.

Најсериозно е состојбата со пожарот на Планината Серта, кој се простира на 3 општини како 4 самостојни пожари, во атарот на с.Калањево (ниска вегетација и шума ); селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума – бор); местено викано Патрик (смрек, дабова шум.и мешовита шума), помеѓу селата Драгоево и Селце, (ниска вегетација и грмушки). Пожари има и над с.Бадилен, Ново село (борова шума); селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума); с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација); с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто) и помеѓу с.Негорци и с.Кованец(даб,смрека,прнар, сува трева).

Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани. Прво почанаа да дејствува еден полициски хеликпотер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Во гасењето на пожарите се вклучени два авиони од ДЗС. Инаку, побарана е и меѓународна помош за справување со пожарите. На терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен.