Актери од Крива Паланка на Меѓународен театарски фестивал во Бугарија
Претставата „Не обложувај се на Англичани“ во изведба на актерите од драмското студио при Центар за култура Крива Паланка беше изведена на Меѓународниот фестивал на аматерски театри за комедија, пантомима и сатира „Вељко Кнев - Тополовград 2017“.
Кривопаланечките актери-аматери, Христијан Цековски, Дарко Ристовски и Александар Ристовски се претставија под режисерска палка на младиот Глигор Цветковски.
- Презадоволен сум од настапот на нашите актери кои се претставија пред многубројната публика и ги заслужија овациите. Ова е втора изведба на претставата на меѓународен фестивал, по Меѓународниот театарски фестивал св.Јоаким Осоговски во септември 2016. Настапивме на главна сцена во Театарот на Тополовград, а момците кои беа дел од вкупно 18-те изведби на годинашниот репертоар, на кој учествуваа театри и аматерски групи од седум држави. Горд сум што моите актери добија и признание за изведбата, изјави Глигор Цветковски, режисер и координатор на Драмско студио при НУЦК, Крива Паланка.
Меѓународниот фестивал на аматерски театри за комедија, пантомима и сатира „Вељко Кнев - Тополовград 2017" се одржа од 15 до 21 мај во Тополовград, Република Бугарија.Годинава во програмата учествуаа театри и групи од Украина, Молдавија, Србија, Турција, Грција, Македонија и Бугарија.
- Пиесата од Владимир Ѓурѓевиќ„Не обложувај се на Англичаните“ е современа комедија која го отелотворува трагикомичниот моментум на хазардерството како феномен на денешнината од една страна, но и цврстината на пријателството во еден брз и динамичен свет на парите, рече Цветковски.
Претставата ќе биде дел и од 53-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани што ќе се одржи од 29 мај до 3 јуни годинава.ад
Ново на Сител
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Уапсени двајца 18-годишници во Скопје за палење огномет во денови на жалост
-
Семејствата добиваат поддршка
-
19 годишниот Јован од Виница успеал да спаси многу млади животи од катастрофата во дискотеката во Кочани
-
Коцевски: Сите закони и прописи постоеле на хартија, но речиси ниту еден не се применувал
-
Затворени уште два локали во Тетово, контролите продолжуваат
-
Се уште нема правда ниту за Ласкарци, ниту за модуларната болница – Можно ли е реотворање на судските процеси?
-
Црвен крст: Собрани повеќе од 30 милиони денари за семејствата на настраданите и повредените