-->
-->
Ако ова се докаже во случајот против Лука Лазукиќ, Наташа Беквалац би можела да има проблем
-->
По давањето изјави по повод тужбата што Наташа Беквалац ја поднесе против Лука Лазукиќ заради насилство во семејството, (Лазукиќ изјави дека е невин и дека не ја претепал), следува истрага, а правниот тим на Лука ќе се обиде да докаже дали пејачката била под влијание на опијати во време на немилиот настан.Изворот близок на српскиот портал „Србија данас“ открива дека е клучно Наташа да оди на анализа на крвта, урина и на влакна од косата.
„Клучна е токму анализата на влакно од коса, бидејќи во случај Наташа да била под дејство на опијати, во влакната се задржуваат до 90 дена, а во крвта и во урината само 4 или 5 дена“, објаснува изворот кој е упатен во целата приказна.
Инаку, на пејачката и’ била направена анализа на крвта кога била во Ургентен центар по инцидентот во ноќта меѓу 13 и 14 април, кога, како што тврди, ја претепал сопругот.
Тогаш не и’ беа направени комплетни прегледи и се’ беше завршено брзо, за 20-тина минути, а за токсиколошките анализи се потребни неколку часа. Притоа, Наташа не даде крв што требаше да се испрати на оксикологија на ВМА. Тоа е стандардна процедура при пријава за насилство во семејството“, вели изворот.
Поради сомневање во резултатите на крвта на Наташа Беквалац, адвокатите ќе бараат повторно да се направи анализа и тоа на ВМА.
„Ако се открие дека земала опијати, тоа би можело да фрли поинакво светло врз целиот случај и врз спорната ноќ кога дошло до инцидентот меѓу неа и Лазукиќ“, тврди изворот на „Србија данас“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Крајот на декември ќе се одлучува за зголемување на мининалецот
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
