Македонија
1. August 2017 - 18:06

Ако мислевте дека денеска е топло, подгответе се, утре ќе биде уште потопло

Денеска највисоки температури од 38 степени се измерени во  Демир Капија и Скопје, 37 Виница, Гевгелија, 36 Тетово, Штип, Струмица, 34 Битола, 33 Прилеп, Охрид, Тополчани, 32 Ѓуриште, Претор, Пожаране, Крива Паланка, Берово,
30 Лазарополе, 29 Маврово.

Времето денеска под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса насекаде во земјава предизвика сончево и многу топло време со слаб до умерен североисточен ветер.
УВ=9

До крајот на денот времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро со слаб ветер од северен правец.

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 32 до 39 степени.

УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер.Утринската температура ќе достигне до 19, а дненвата до 39 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Денес и утре подрачјето на Македонија ќе биде во жолта фаза, а од четврток одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на опасност од топлотни бранови.