Ако мислевте дека денеска е топло, подгответе се, утре ќе биде уште потопло
Денеска највисоки температури од 38 степени се измерени во Демир Капија и Скопје, 37 Виница, Гевгелија, 36 Тетово, Штип, Струмица, 34 Битола, 33 Прилеп, Охрид, Тополчани, 32 Ѓуриште, Претор, Пожаране, Крива Паланка, Берово,
30 Лазарополе, 29 Маврово.
Времето денеска под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса насекаде во земјава предизвика сончево и многу топло време со слаб до умерен североисточен ветер.
УВ=9
До крајот на денот времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро со слаб ветер од северен правец.
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 32 до 39 степени.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер.Утринската температура ќе достигне до 19, а дненвата до 39 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.
Денес и утре подрачјето на Македонија ќе биде во жолта фаза, а од четврток одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на опасност од топлотни бранови.
Ново на Сител
-
ФК Силекс со бесплатен превоз за домашниот натпревар со ФК Дечиќ
-
Маж од Скопје со 1.34 промили алкохол во крвта возел туѓ автомобил во спротивна насока, предизвикал сообраќајка
-
Трамп го свикува Национален совет за безбедност заради Иран
-
Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција
-
Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
-
Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива