Ако имало провокација, ја осудувам – вели Заев за венчавката на Богдановиќ
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека осудува провокации од било каков тип, доколку ги имало на свадбата на градоначалникот на општина Центар кој викендот се венчаше во Грачаница.
Во изјавите на Богдановиќ, премиерот не можел да препознае такво нешто.
– Внимателно ги читав изјавите на градоначалникот на Центар кој доаѓа од редовите на СДСМ. Јасно кажа дека не чувствува дека тоа тука му е забрането во православните храмови. Тој тврди дека не сака ниту да ги поддржи, ниту нешто посебно да коментира за поединци коишто биле гости на свадбата. Тој се оградува. Вели – јас ја сакам мојата Република Македонија, живеам овде, имам голема чест да бидам градоначалник. Тоа е она што навистина го читав, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.
Нагласи дека земјава ги почитува сите соседи и поттикнува дијалог што носи мир на Балканот.
– Односот што значи провокација меѓу кој било од нашите народи на Балканот, не го поддржувам и се оградувам од него. Апелирам на внимателност. Ние сакаме да бидеме Европа во периодот којшто претстои пред нас. Треба европски да се однесуваме и меѓусебно да се почитуваме, истакна Заев.
Најави дека одлуките за идните кандидати за градоначалници ќе се носат кон крајот на летото бидејќи локалните избори се во октомври следната година.
Ново на Сител
-
Еден убиен, четворица повредени во престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед