Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведен 29-годишник, пронајдена дрога
Полициски службеници од СВР Штип во содејство со инспекциски служби од Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, по претходно изготвен план, вчера и денес (02/03.05.) во периодот од 22,00 до 01,00 часот извршија акциска контрола во угостителски објект во Штип. Притоа во објектот е затекнато 17 годишно малолетно лице од Штип кое што во угостителскиот објект консумирало алкохолен пијалок, за што ќе следат соодветни поднесоци
Исто така при контролата од страна на полициските службеници кај лицето А.С. (29) од Струмица посетител на објектот е пронајдена и одземена една зипер кесичка со Н.Н бела прашкаста материја, лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно чл. 215 од КЗ на РСМ.
Воедно утврдено е дека обезбедувањето на угостителскиот објект ја извршувала дејноста без потребните лиценци утврдени со закон, а пак од страна на инспекторите од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи констатирани се недоследности од нивна надлежност за што изречени се соодветни мерки.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност