Акција за стерилизација на бездомните животни во општина Центар
Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар денеска ја почна акцијата за стерилизација на бездомните животни „Центар на 4 нозе“.
Директорот на претпријатието Саша Богдановиќ заедно со Татјана, жител од населбата Капиштец, го однесоа првото бездомно куче од Центар на стерилизација во ветеринарната амбуланта „Пет Вет“ каде на кученцето му беше направена хируршка интервенција на јајниците, јајоводите и матката.
- Со стерилизација животните живеат подолг и поздрав живот. Стерилизираните животни имаат смирен хормонален статус и не се здружуваат во глутници, се намалува нивното размножување и се намалува бројката на луѓе на кои им пречат животните. Со оваа хуманитарна акција сите заедно можеме да ја подигнеме свеста и да го спречиме неконтролираното размножување на бездомните животни во Општина Центар, изјави Богдановиќ.
Во следниот период, ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ најавуваат дека ќе продолжат со организирање на хуманитарни настани со цел да се намали бројката на гладни, болни, тепани и убиени животни на улиците во општина Центар.
Ново на Сител
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи