Акција за обележување и чистење на планинарски патеки до Голак
Во организација на ПСК „Голак“ Делчево, денес се чистеа и обележуваа двете планинарски патеки што водат до планината Голак.
Целта е да се овозможи безбедно движење на сите граѓани кои имаат желба да се искачат на Голак, а освен чистење, планинарските патеки, како што информираше претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски, беа и соодветно обележани.
-Со нашите членови денеска имавме активност за расчистување на главната патека до Голак која почнува веднаш над населбата „Расадник“ во Делчево и се движи во правец на месноста Трајанов Рид, како и споредната патека, што започнува веднаш над населбата „Први реон“ и се вклучува во главната планинарска патека кај споменатата локација. Покрај чистење на патеките, поради безбедно движење на сите кои ги користат, истите беа и соодветно обележани, истакна Чучуковски.
Додаде дека овие активности се дел од проектот, кој ПСК „Голак“, го спроведува во соработка со Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.
Како дел од туристичката промоција на регионот, во наредниот период ПСК ,,Голак” ќе работи и на уредување и поставување на планинарска патека на планината Средна, како и уредување на локалитетот Истевнички Кукуље.
Ново на Сител
-
Мисајловски на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана
-
НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади
-
МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“
-
Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица
-
Седница на Уставен суд
-
ОН бараат 47 милијарди долари за помош во 2025 година
-
Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток
-
Рускиот амбасадор во ОН ја обвини Украина дека им помага на сириските бунтовници