Акција за бесплатен превентивен технички преглед
Акција за бесплатен превентивен технички преглед во текот на месец јули и август со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот во летните месеци, реализираат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и „Мото Америт“.
Бесплатниот превентивен технички преглед, како што информираат, може да се направи во новата станица за технички преглед „Мото Америт“ на улица 1506 во скопската населба Момин Поток, од 10 јули до 10 август годинава.
Според Иван Илиевски од „Мото Америт“, акцијата има за цел поголема безбедност на патиштата, но исто така и да поттикне една добра навика кај возачите за вршење на незадолжителни технички прегледи на возилата.
Акцијата е дел од соработката меѓу „Мото Америт“ и РСБСП за унапредување и зголемување на безбедноста на патиштата.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија