Македонија
27. November 2025 - 13:04

АХВ спроведува вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште Димо Хаџи Димов во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготиовка на храна.

Во рамки на вонредните контрли во овие училишта каде нема деца кои појавиле симптоми  на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабораториско тестирање.