АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната
Под мотото “Рака за рака за подобра храна и подобра иднина”, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот кој го организараше Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври- Светски ден на храната.
Во рамки на настанот кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесет годишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна - флаери, лифлети и торбички.
ФАО во рамки на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање на мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа, низ владите, организациите, секторите и заедниците, активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување на услови, секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана, живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната,истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјава, од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамки на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг програми кои се спроведуваат во АХВ чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур