АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат

Итно се повлекува од македонскиот пазар производот Аптамил АР 2, енг 24×400 грама, серија 2027.01.02, кај кој е утврдено присуство на цереулид (cereulide), информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и апелира потрошувачите кои го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на местото каде што го купиле.
- Нашите испекциски служби вчера спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна - увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ, добивме известување за пласиран небезбеден производ на македонскиот пазар. Станува збор за APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата, во нотификацијата наведено е маслото ARA. Со контролата утврдено е дека целокупната увезена количина е дистрибуирана на пазарот во Македонија, односно производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот, информира АХВ.
Според АХВ, во однос на повлекувањето неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, се проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив не е добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ.
- Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја следиме состојбата и доколку се јави потреба, навремено ќе реагираме со преземање соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нервозни зошто Артан Груби е уапсен и може да изнесе податоци за криминалите на Заев, Филипче и Спасовски
-

Кривична за поранешен директор на Здравствен дом Куманово, незаконски вработувал лица во установата
-

Следува период на стабилно и суво време
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
