Ахмети постави венец по повод годишнина на смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, придружуван од претседателот на Собранието Талат Џафери, министри, пратеници и градоначалници, на плоштадот Скендербег во Скопје, постави венец по повод годишнина од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег.
Тој посочи дека, исто така ја одбележуваат и „40-годишнината од формирањето на народното движење кое без прекин 20 години по ред успева да ја реализира големата кауза на Албанците во поранешна Југославија“.
– Во склоп на таа организација, на сите сили за поддршка на легалните движења кои беа формирани по 90-тите, успеаја да ја мобилизираат и организираат Ослободителната војска на Косово, а потоа и Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац и денес како резултат на таа организација во континуитет од Адем Демачи, Рифат Бериша, Фазли Грајчевци се постигна ние денес да ги заживееме тие идеали, да ги унапредиме тие идеали, дека нашата држава и нашите земји каде живеат албанците достоинствено за да се ангажираат и да влезат и во НАТО и во Европската Унија, истакна Ахмети.
Тој потенцираше дека причината и тогаш и денес е луѓето да живеат во добро, еднакво и просперитетно соседство во сите области.
– Така што за нас оваа кауза е незапирлива и за оваа кауза сме целосно посветени. Ви благодарам многу за сеќавањето по повод годишнината на смртта Скендербег и за 40-годишнината од формирањето на организацијата на нашето албанско движење, нагласи Ахмети.
Ново на Сител
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер
-
Штети во Свети Николе и Неготино поради невреме, четири пожари на отворено, известува ЦУК
-
Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах
-
Министерот Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ
-
Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата
-
ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок