Македонија
27. February 2017 - 9:44

Ахмети одлучува: Ќе оди ли со СДСМ или во опозиција

Демократската Унија за Интеграција, денеска треба да ја донесе својата финална одлука за учество во Владата. Предлог законот за употребата на Албански јазик е главен услов, а двојазични ќе бидат монетите и банкнотите, таблите на граничните премини, како и ознаките на полицијата и на Армијата на РМ, а треба да биде направена и промена на државните симболи, знамето, грбот и химната.

Лидерот на ДУИ, АЛи Ахмети, во петокот пред почетокот на претседателството, рече дека се разгледува и опцијата да останат во опозиција.

Инаку, деновиве сево ова поттикна револт кај граѓаните, кои на протест го искажаа своето незадоволство.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера во вестите на Сител рече дека граѓаните не гласаа за бинационална држава, кантонизација и федерализација на Македонија. 

-Му порачувам на Заев и му давам јасна понуда, доколку по секоја цена е решен да стане премиер и доколку цената треба да се работи кои ќе им направат штета на темелите на државата, дека лично му нудам доколку албанските партии го донесат на власт, ако се откаже од спроведувањето на таа агенда, ќе му дадеме поддршка да биде малцинска влада во период во кој ќе се договориме, и ќе има поддршка за сите закони освен оние за редефинирање на државата, кои се понижување на другите етнички заедници. Ќе има поддршка за се освен ако се работи за закони кои удираат на темелите на нашата држава, за се друго ако го донесат албанските партии на власт ние сме тука да застанеме, да му дадеме поддршка и да има 100 пратеника кои ќе го поддржуваат само да запре со уривање на националните и државните интерси, дециден е Груевски.

-Ако му е голема желба да нѐ малтретира, да не апси, еве јас се пријавувам за прв доброволно, нека ме малтретира, апси, нека удри по мене, само нека ја остави државата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ново на Сител