Ахмети: ДУИ не подржува нови договори
Демократската унија за интеграција (ДУИ) не подржува ниту нови ниту рекомпонирани договори. Доколку тоа се случи ДУИ ќе излезе со своја платформа и ќе остане доследена на договорот постигнат во јуни-јули. ДУИ стои на тоа изборите да се одржат на 24 април, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со дебарчани вечерва.
- Право е на секој да поставува вето, да бара нов договор.Доколку се бара да се донесе нов догоор или негова измена тогаш на тоа треба да се согласат сите четири страни потписнички на договорот од Пржино, кој беше донесен по многу анализи и разговори потпомогнати од ЕУ и САД. Затоа ДУИ не подржува нов договор или негова измена.Убедени сме дека сите страни ќе се ангажираат и ќе ги исполнат сите обврски од договорот на кои се согласија и заедно да обезбедиме избори според европски стандарди, признати од сите, рече Ахмети.
Според него, ДУИ е за тоа изборите да се одржат во предвидениот рок, 24 април 2016, затоа што, како што рече, „сакаме земјата да излезе од политичката криза во која е со месеци и да продолжи со сигурни чекори кон ЕУ и НАТО, што го посакуваат сите граѓани“.
Ново на Сител
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани