-->
-->
Агверо на продажба за 39 милиони
-->
Серхио Агуеро го загуби своето место во стартниот тим на Манчестер Сити, бидејќи менаџерот Пеп Гвардиола не се задоволен од неговото однесување на теренот и надвор од него. Предност во тимот добива бразилскиот тинејџер Габриел Жесус, а доброупатените тврдат дека Аргентинецот ги брои последните месеци во Сити.
Агуеро е во лоша форма, го загуби местото во тимот и не е невозможно тој да замине, бидејќи и во минатото Реал и уште неколку други екипи покажуваа сериозен интерес за поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид.
Англиските медиуми, во четвртокот, објавија дека челниците на Манчестер Сити, нема да се противат Агуеро да го напушти клубот, но само под услов некој да плати 93 милиони евра.
Според нив, за Агуеро се распрашуваат Реал и ПСЖ, но најавуваат дека сериозен конкурент ќе имаат во Интер чии кинески сосптвеници планираат во летниот преоден рок, во реновирање на тимот да вложат 400 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови