Агут го елиминира Ѓоковиќ
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, го заврши својот настап на Мастерсот во Мајами. Србинот загуби од Роберто Баутиста-Агут со 6:1, 5:7, 3:6.
Ѓоковиќ одлично влезе во мечот, експресно го доби првиот сет и наместо да забележи лесна победа, му дозволи на противникот да се врати во мечот. Само една од седумте брејк топки искористи Ѓоковиќ во вториот сет, со што му дозволи на Шпанецот да израмни. Во решавачкиот сет играта на Ѓоковиќ се распадна.
„Не прв пат да бидам поразен на првите два Мастерси. Дефинитивно морам да размислам на кој начин наредната година ќе се подготвувам за Индијан Велс и Мајами“, рекол Ѓоковиќ кој во Индијан Велс пристигна без одигран меч од освојувањето на Австралија опен.
„Тој е добар тенисер. Му честитам на враќањето во мечот. Но, јас ваков меч не смеев да си дозволам да загубам. Имав, многу пропуштени шанси, а кога нема да ги искористиш ќе бидеш поразен“, заклучил српскиот играч.
Баутиста-Агут во наредната рунда ќе игра против бранителот на трофејот Џон Изнер.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро
-
Дали Стоматолошката комора работела незаконски ќе испитува Обвинителството