Македонија
20. October 2015 - 10:38

Агенцијата за филм на РМ на Japan Content Showcase 2015 во Токио

Агенцијата за филм на Република Македонија од денеска до 22 октомври со свој штанд во склоп на Location Pavilion учествува на големиот маркет Japan Content Showcase во Токио.

Агенцијата ќе ја промовира Македонија како дестинација за снимање филмови и поволностите кои таа ги нуди за реализација на филмски, односно телевизиски проекти, како што се правото на поврат и ниските даноци, а ќе ги промовира и копродукциските можности во кои Република Македонија учествува со малцински финансиски удел.

Japan Content Showcase е мултимедијален маркет кој се одржува во склоп на Токискиот филмски фестивал. Маркерот е наменет за претставници од филмската, телевизиската, музичката и други сродни индустрии од цел свет.