Агелер: Видовме малку докази дека Судскиот совет ги исполни своите законски обврски
Мандат на Судскиот совет е да обезбеди правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја, со жалење можам да кажам дека видовме малку докази за исполнувањето на овие свети обврски, вели амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер, за случувањата во Судскиот совет.
За случувањата во Судскиот совет и постапувањето на ова тело во однос на политичките притисоци врз Врховниот суд, Агелер во изјава за Алсат, вели дека граѓаните заслужуваат подобро.
- Мандат на Советот е да обезбеди правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја. Со жалење можам да кажам дека видовме малку докази за исполнувањето на овие свети обврски. Луѓето во оваа земја заслужуваат подобро. Сè уште не сум ја видела одлуката на Апелациониот суд да ги отфрли обвиненијата во случајот „ТНТ“, но внимателно ќе ја испитаме со надеж дека одлуката ќе биде транспарентна и во согласност со законот, рече Агелер во изјава за Алсат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација