Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња
Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека „црната листа“ на САД е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови имиња. Таа нагласи дека нема конкретна временска рамка за додавање нови лица на листата, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон.
Во изјава за медиуми по отворањето на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан организирана од Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), амбасадорката посочи дека листата е отворена за дополнувања.
- Црната листа на САД е многу динамична, постојано се дискутира за имиња. Немам временска рамка, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но, ве верувам дека додека зборуваме има имиња кои се земени предвид и секогаш сме отворени кон додавање нови лица на листата, рече амбасадорката.
Во однос на прашањето за препораките на Државната комисија за спречување на корупција за назначувањето на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, таа порача да се почитуваат.
Немам конкретни детали, но ќе нагласам дека е важно овие коментари и препораки да бидат внимателно разгледани на начин на којшто јавноста ќе добие одговори на прашањата, посочи Агелер.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола