АФД бара рехабилитација на нацистички термини
Лидерката на партијата Алтернатива за Германија (АФД), Фрауке Петри, која со својата националистичка и антиемигрантска политика стана трета најсилна политичка сила во земјата, бара рехабилитација на термините кои биле често користени од страна на германските неонацисти.
По интервјуто за весникот „Велт ам Зонтаг“, во кое побара зборот „фолкиш“, кој интензивно го користеле медиумите под контрола на Хитлер да не биде табу тема, таа се соочи со сериозни критики во јавноста, јави дописникот на МИА од Берлин.
Зборот, кој се користел и во името на весникот на Неонацистичката партија „Фолкишер Беобахтер“. а кој значи припадник на одредена раса доаѓа од зборот „фолк“ што значи народ.
- Конечно треба да се вратиме на релаксиран нормален начин на комуницирање со нашата нација и користење на зборови како „фолк“ или негови деривати, изјави Петри, по што денеска беше цел на остри критики дека таа и нејзината партија отворено се залагаат за враќање на вредностите кои фи промовирале германските нацисти пред повеќе од 70 години.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур