-->
-->
Адвокатите на Парк Гуен-хе тврдат дека нема правна основа за нејзиното отстранување од власт
-->
Нема законска основа за отстранување од власт на јужнокорејската претседателка Парк Гуен-хе, изјавија нејзините адвокати.
Ова мислење беше дадено една недела откако јужнокорејскиот парламент изгласа импичмент за претседателката.
Јужнокорејскиот Уставен суд има рок најмногу за 180 денови да се произнесе дали оваа одлука е во согласност со уставните одредби.
Во свој став, претставен на 24 страници, адвокатите на Парк велат дека нема докази оти нивната клиентка извршила прекрушување на законите што беа наведени во парламентарната одлука за нејзиниот импичмент.
Додека Уставниот суд се произнесе за решението на парламентот за импичментот на Парк, вршител на должноста претседател е премиерот Хванг Kyo-ан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите