Џет-Сет
28. January 2016 - 15:45

Адријана конечно доби Оскар, за порно филм!

Наградите кои ги доделува списанието „АВН“ за најдобри изведби во порноиндустријата, кои ги нарекуваат „Порно Оскари“, се одржаа пред неколку дена во Лос Анџелес.
Меѓу добитниците е и српската глумица во филмовите за возрасни Адријана Чечиќ, која наградата ја поделила со колешката Виксен Годес во категоријата најдобри сцени со трансексуално лице за филмот „ТС Плејграунд 21“.
За најдобра актерка е прогласена Пени Пакс, а два „Порно Оскари“ освои и Џејмс Дин, конроверзниот порноактер за кого неколку колешки поднесоа пријави за сексуално вознемирување за време на снимањето и надвор од сетот.