Администрацијата на Трамп одобри Бајден да започне со преземање на власта
Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да започне со преземањето на власта.
Ова се случи откако официјални лица од сојузната држава Мичиген синоќа го сертифицираа Бајден за победник на претседателските избори, а тоа наскоро се очекува да го сторат и властите во Пенсилванија.
Трамп синоќа на Твитер потврди дека препорачал да започнат „првичните протоколи“ за предавање на власта на Бајден „во најдобар интерес за нашата земја“.
-Препорачувам Емили (Марфи) и нејзиниот тим да направат што треба во однос на првичните протоколи и му кажав на мојот тим да го направи истото, напиша Трамп.
Марфи е администратор во Службата за општа администрација (ГСА), и синоќа таа испрати писмо до новоизбраниот претседател Бајден дека нејзината канцеларија е подготвена да започне со формално предавање. Улогата на ГСА е да го поддржува основните функции на американските сојузни агенции и министерства.
Трамп се уште не го признава изборниот пораз и укажа дека ќе продолжи со напорите да се ревидира гласањето, но сите напори на неговиот тим засега се безуспешни.
Одлуката на претседателот доаѓа по речиси три неделна неизвесност со непризнавање на резултатите, под изговор дека гласањето преку пошта било неисправно, повикувајќи се на нерегуларности како гласање на починaти или отселени лица, двојно гласање или гласање под принуда.
Сепак, изборните власти во речиси сите држави каде победи Бајден ја сертифицираа неговата победа, со тоа што пребројување на гласовите имаше во Висконсин, а тоа се уште трае во Џорџија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување