-->
-->
Адеми прогласен за фудбалер на годината во Хрватска
-->
Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо од Загреб, Аријан Адеми, е прогласен за фудбалер на 2020 година во Хрватска.
Адеми освои 66 од можните 100 бодови во традиционалната анкета на „Тпортал“, во која гласаат капитените на десетте екипи во хрватската Телеком Прва лига.
На второ место се најде капитенот на Хајдук Мијо Цакташ (46), додека третото место го поделија Франко Андријашевиќ (Риека) и Кристијан Ловриќ (Горица) со по 18 бодови.
– Мислам дека нема поголема чест и задоволство кога за најдобар те избираат луѓето од твојата професија. Токму затоа, овој трофеј „Капитените избираат“ ќе има посебно место во мојата кариера, изјави Адеми, кој мината сезона ја одбрани шампионската титула во Хрватска, а со Динамо годинава обезбеди и пласман во нокаут фазата во Лига Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов