Адел по дебаклот на Греми: Плачев следниот ден
Славната Адел пред неколку дена стоеше на сцената каде се доделуваа престижните музички наград Греми, а тоа секако беше еден од најочекуваните настапи на вечерта, покрај оној на Ријана, кој на крајот беше откажан поради проблеми со гласните жици.
Британката (27) блесна во долгиот елегантен фустан, покажа нешто послаба фигура, а потоа почна ноќниот кошмар на секој пејач.
Адел доживеа технички приблеми и настапот испадна вистинско разочарување иако таа одработи како вистински професионалец.
Адел успеа да најде време да го посети и шоуто на познатата комичарка, Елен ДеЏенерес каде зборуваше за проблемите кои и се случиле.
- Слушнав веднаш дека нешто не е во ред. Знаев што требаше да направам, но се блокирав. Но, всушност мислам дека се помина многу добро. Тоа се емоции. Сакав веднаш на сите да им кажам што се случи, затоа што мислам дека настана многу конфуија околу се. Ми беше многу непријатно. Второто утро, луѓето ми зборуваа да не се грижам, дека и понатаму ме сакаат, а јас само реков дека никој не ги праша дали и понатаму ме сакаат, но благодарам. Мене и понатаму ми беше непријатно, таа искрено призна.
Потоа таа призна дека цел втор ден го поминала во солзи. Но, тука постои уштѕе нешто.
- Најворејатно би плачела и се да поминеше во најдобар ред. Јас секогаш плачам, затоа што сум многу емотивна, заклучи таа.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска