Абот: Европа треба да учи од Австралија за односот кон бегалците

Австралискиот премиер Тони Абот ја повика Европа да учи од примерот на Австралија и да ги запира чамците со бегалци кои се обидуваат да дојдат до нејзиниот брег, јави ДПА.
Овој коментар на Абот доаѓа по снимката на удавеното тригодишно момче на турскиот брег која го шокираше светот.
- Доколку сакате да ги запрете смртните случаи, ако сакате да го спречите давењето, треба да ги спречите бордовите, изјави Абот за телевизијата Еј-Би -Си.
- Вчера на ТВ екраните видовме многу тажна, мачна глетка на деца трагично загинати во море при нелегална миграција. За среќа го запревме тоа во Австралија, затоа што ги запревме незаконските бродови. Им рековме на превозниците: шверцот се затвара. Доколку сакате луѓето да останат безбедни треба да ја запрете нелегалната миграција и точно тоа и го направивме ние, изјави премиерот на Австралија.
Строгите мерки на Австралија за запирање на бродовите со бегалци вклучуваат користење и на австралиската војска за враќање во нивната земја на потекло. Мигрантите кои биле пронајдени во океанот во последните две години се држат во центри во Науру и на островот Манос во Папуа Нова Гвинеа.
Австралиската Влада наложи ознака на врвна тајна за условите на живот во тие центри и законски предвидува две години затвор за секој нивни вработен кој ќе прозбори за условите во овие центри, пренесува ДПА.
Владата соопштува дека миграните од тие кампови никогаш нема да влезат во Австралија туку ќе бидат враќани во земјите на потекло или населувани во Камбоџа или во Папуа Нова Гвинеа.
Оваа сурова политика драстично го намали бројот на бродови со мигранти во последните две години, но донесе големи критики од меѓународната јавност, ообјаснува ДПА
Ново на Сител
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
-

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе
-

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“
-

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
-

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо
-

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза
