Loading Video...
Свет
6. October 2026 - 12:25

Преглед на вестите од светот

Демонстрантите во Приштина се судрија со полицијата пред зградата на косовската влада во понеделникот барајќи од парламентот да го измени законот што ќе ги ограничи овластувањата на судот за воени злосторства со седиште во Хаг. Протестот се одржа неколку недели откако судот ги осуди поранешниот претседател Хашим Тачи и уште тројца на вкупно 81 година затвор за воени злосторства.
Полицијата испука солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлаа петарди и камења кон полицајците што ги обезбедуваа парламентарните и владините згради во центарот на Приштина. Демонстрантите ги блокираа влезовите во обете згради, спречувајќи ги пратениците да го напуштат парламентот и барајќи да продолжат со второ гласање за предложените амандмани.
Косово ги основа Специјализираните совети во 2015 година под меѓународен притисок за да им суди на поранешните борци на Ослободителната војска на Косово обвинети за воени и повоени злосторства. Предложените измени би ги ограничиле затворските казни на 15 години и би им дозволиле на обвинетите да се жалат до Врховниот суд на Косово.

Во руски воздушен напад врз украинскиот град Харков, во понеделникот загинаа пет лица, а 53 други беа повредени, од кои 30 се лекуваат во болница, а состојбата на тројца е сериозна, изјавија локалните власти. Екипите на прва помош и спасувачките екипи беа на терен, а пожарникарите се обидоа да го локализираат пожарот во складиште за градежен материјал откако беше погодено во нападот. При нападот три бомби погодиле различни области во градот. 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, мисли дека Иран е одговорен за инцидентот со авионот на „Флајдубаи“, кој леташе кон Израел, а принудно слета. Копилотот на „Флајдубаи“ кој го избоде својот капетан во обид за соборување на авионот. Тој дал изјава дека го планирал нападот пред да биде ангажиран од државната авиокомпанија во Дубаи, според двајца израелски функционери кои се запознаени со истрагата.