Кошарка
23. January 2016 - 19:43

АБА: Тесна победа на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја совладаа Крка 69-67 во меч од АБА лигата . Одлучуваше последниот напад при водство на МЗТ од 67-66. Гостите промашија а тоа нашиот шампион го искористи за победа. 
Гостите водеа цели 35 минути а имаа и двоцифрена предност која сепак до финишот на првиот дел се истопи. Јунак во победата беше српскиот интернационалец Ѓорѓе Дреновац, кој средбата ја заврши со 23 поени и шест скока. Марко Луковиќ постигна 13 поени додека Стојановски 11 поени.