-->
-->
АБА: Партизан ја прекина серијата на Ц.Звезда
-->
Партизан стави крај на едногодишната непобедливост на Црвена звезда во АБА лигата, откако во 21.коло го победи „вечниот ривал“ со 86:81.
Големото дерби на белградските ривали, по кое заврши непобедливоста на Црвена звезда во регионалната АБА лига, го обележаа техничките грешки на двете страни, определбата на Партизан со чести прекршоци да не му дозволи на противникот да влезе во востински ритам, добриот шут од поле на Партизан и скок играта како единствен сегмет во кој доминираше Црвена звезда.
Партизан максимално го искористи заморот кај Црвена звезда, но и фактот дека тренерот Дејан Радоњиќ го немаше повредениот Дангубиќ во тимот и дека не им ја даде вообичаената минутажа на Јовиќ и Кузмиќ кои сеуште не ги имаат залечено повредите. Покрај тоа Црвена звезда на половина од третата четвртина остана без Симоновиќ кој беше исклучен поради две технички грешки.
Мечот во Белград беше неизвесен од почетокот до крајот, што најдобро го отсликува податокот дека најголемата предност на ПАртизан изнесуваше осум, а на Црвена звезда пет поени.
Партизан победникот го реши во последните две минути, кога Хечер реачизираше четири слободни фрлања.
Хечер и Бирчевиќ со 20, односно 16 поени го предводеа Партизан до 16-та победа во сезоната, со која „црно белите“ се вратина на второто место на табелата. Кај Црвена звезда најдобри беа Митровиќ со 12 и Бјелица со 11 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции
-
Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите