-->
-->
АБА лигата ќе има нов тим – доаѓа од Саудиска Арабија
-->

Регионалната кошаркарска лига во скоро време може да добие нов тим. Според порталите од соседна Србија, тим од Саудиска Арабија би можел да биде нов член во ова регионално натпреварување.
Клуб од Саудиска Арабија е заинтересиран на настап во АБА лигата. Шеик од Саудиска Арабија веќе бил во посета на овие простори. Но, од идеја и желба до реализација патот е долг, има технички фактори за кои ќе се решава и како тие да се вклопат.
Тимот на Ал-Ула од Саудиска Арабија престојуваше на подготовки во Србија.
Во АБА лигата во минатото имало екипи од Унгарија, Романија, Израел, а од минатата сезона член е и тимот на Дубаи.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
