Кошарка
2. January 2016 - 9:34

АБА лига: Се играат натпреварите од 18.коло

Со денешните три натпревари стартува 18.коло во АБА лигата, а македонскиот шампион МЗТ Скопје утре гостува кај екипата на Игокеа. Се очекува тоа да биде уште еден дуел на две изедначени екипи бидејќи МЗТ Скопје има скор 7-10 (победи-порази), а домаќинот 6-11.

Дербито на колото се игра во понеделник меѓу евролигашите Црвена Звезда и Цедевита.
Двојки од 18.коло:
Мега - Задар (сабота -17 часот),
Крка - Олимпија (19 часот),
Будуќност - Тајфун (21 часот).
Игокеа - МЗТ Скопје (недела - 17 часот),
Цибона - Металац (недела - 19 часот),
Црвена Звезда - Цедевита (понеделник - 18 часот),
Сутјеска - Партизан (понеделник - 21 часот).