АБА лига: МЗТ Скопје со подобра игра во вториот дел до победа над Тајфун
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром забележа значајна победа над екипата на Тајфун со која го исполни првиот од двата услови за настап во регионалната АБА лига и следната сезона.
МЗТ Скопје славеше победа над Тајфун со 77:70 (21:22, 18:25, 22:12, 16:11) во натпреварот кој се одигра вечерва во СЦ „Јане Сандански’’ во Скопје, ова беше првиот дуел од 25.коло. Со оваа победа аеродромци ќе ги избегнат последните две позиции на табелата, но за настап во АБА лигата и следната сезона ќе мора да ја одбранат шампионската титула во домашниот шампионат.
МЗТ Скопје во првите две четвртини прими 22 односно 25 поени, а 23 поени први во двете четвртини од вториот дел.
Во редовите на македонскиот првак најефикасен беше Марко Луковиќ со 19 , додека Ѓорѓе Дреновац постигна 15 поени.
Во другите шест средби од оваа рунда ќе играат:
Сабота
17:00 Металац - Унион Олимпија
19:00 Крка - Мега Лекс
21:00 Сутјеска – Будуќност
Недела
17:00 Игокеа – Задар
Понеделник
18:00 Цибона - Црвена Звезда
20:00 Партизан – Цедевита
Табела: Будуќност 22-2 (победи-порази), Ц.Звезда 18-6, Цедевита 18-6, Мега Лекс 16-8, Партизан 11-13, Цибона 11-13, Задар 11-13, МЗТ Скопје 10-15, У. Олимпија 10-14, Игокеа 9-15, Крка 9-15, Металац 9-15, Сутјеска 8-16, Тајфун 7-18.
Ново на Сител
-
Дедо (80) од Македонија ограбен во Белград, отишол на договорено запознавање со девојка
-
Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %
-
Сиљановска Давкова: Копенхагенските критериуми ќе не направат стандардна европска држава, ветото не е пријателски инструмент
-
Трошоците за живот зголемени за 2,6 % а цените на мало за 2,7 отсто споредбено со лани
-
ЈСП со две нови линии за Саемот на книга, „100“ и „200“
-
Кривична против кавадарчанец кој крадел од болница и верски објект
-
Запалил стан и викендица, поднесено обвинение за зетот на Зоки Фаци
-
Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала